Ние сме

  • Агнус Деи е Христијанска невладина организација во Македонија, која постои со цел да го сподели Евангелието на Исус Христос со младата популација.

Мисија

  • Нашата мисија е да ја позиционираме пораката на Евангелието токму таму каде што младите луѓе го поминуваат своето време најмногу - онлајн, а со тоа да изградиме мостови кои ќе носат луѓе до љубовта и надежта кои ги пронаоѓаме во Исус Христос.

Визија

  • Онлајн искуството и содржината која младите луѓе во Македонија ја впиваат, ги загадува нивните умови. Тоа несвесно на младите им внесува погрешни морални вредности. Потребно е да се внесе порака на надеж и да се сподели пораката од Евангелието на пошироко ниво. Многу психолошки истражувања покажуваат дека содржината која тие ја впиваат влијае врз нивниот мисловен процес.

    Затоа нашата визија е да допринесеме за промена на оваа состојба во Македонија. Преку директната порака на Евангелието се стремиме да ги охрабриме младите луѓе да почнат да размислуваат за нивниот духовен живот, и да ја спознаат вистината за Евангелието и за тоа кој е Исус Христос.

    Нашите срца се трогнати и ние се молиме дека нашиот Бог ќе ги отвори вашите срца за добрата вест од Евангелието.