Моли се за нас

  • Покрај тоа што ние сакаме да се молиме за секоја една специфична потреба за вас, исто така и ние имаме специфични потреби како евангелизаторско движење во Македонија. Однапред Ви благодариме на вашите молитви...Исус нека ви ги преумножи Вашите благослови.

Нашите молитвени потреби се следниве:

  • Молете се за пробудување на народот на ниво на територијата на Македонија, без разлика на моментална вера, националност, расна определба, итн..., да нашиот Господ Исус Христос ги омекне срцата нивни и да дознаат за добрата вест на Евангелието на Исус Христос.
  • Молете се да нашиот Господ Исус Христос отвори уште повеќе врати, уште поголеми врати, за да можеме да го споделуваме Евангелието и да можеме да ја прошириме добрата вест на Евангелието на Исус Христос до секоја една личност на оваа територија. Нашата цел е 2.000.000.
  • Молете се да нашиот Господ Исус Христос отвори пат за ресурси од секаков тип, кои што ќе ја поддржат нашата мисија и визија за Библиска Македонија. Потребни ни се волонтери, соработници, и финансии за да можеме квалитетно и ефективно да ги извршиме сите проекти кои Бог ни ги ставил на срце.